Ѓорческа со две победи на фјучрсот во Оточец

May 25, 2023

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа запиша две победи на денешните мечеви на фјучрс турнирот во словенечкиот град Оточец (награден фонд 40.000 долари). Таа најпрвин во сингл конкуренција ја победи квалификантката од Романија Лавиниа Танасие за 80 минути игра со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2). Потоа следеше мечот во двојки каде со Деа Херџелес (БиХ) ги совладаа Илинка Далина Амариеи и Кристина Дину од Романија со 2-1 во сетови (7:6(7:2); 2:6 и 10-5 на поени).

Утре во четвртфиналето во сингл конкуренција Ѓорческа ќе игра против првата носителка Ирина Мариа Бара од Романија (28 г., 192 место ВТА). Досега двете тенисерки имаат одиграно пет меча меѓусебе, а билансот е 3:2 за Бара, која го доби и псоледниот меч одигран во април годинава во Истанбул. На мечевите на земја скорот е 3-1 за Романката, а Ѓорческа има триумф на тврда подлога. Три од петте меча се играа во три сета.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа со Херџелес ќе играат против вторите носителки Мариана Дражиќ (Хрватска) и Емили Вебли Смит (Велика Британија).

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани