На терените на ТК Југ денеска се одиграа мечеви од првото коло од Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 кое беше комплетирано, а стартуваа и мечевите од првото коло во конкуренција на двојки. Од македонските тенисери на „главниот турнир“ настапи Калин Ивановски, кој го загуби мечот со Дино Прижмиќ од Хрватска со 2-0 во сетови, додека во конкуренција на двојки настапија Обрад Марковски и ГораздСрбљак, кои беа поразени од шведско-австралиската комбинација Филип Бергеви и Џејсон Тејлор со 2-0 во сетови.
Резултати прво коло – сингл:
Азиз Дугаз (1 носител, Тунис) – Луис Веселс (Германија) 36 62 63
Олливер Крафорд (САД) – Матеус Пуцинели Де Алмеида (3, Бразил) 63 76(7)
Драгош Николае Мадарс (4, Шведска) – Макс Касниковски (Полска) 76(3) 61
Франциско Комесана (5, Аргентина) – Џејмс Мек Кејб (Австралија) 61 40 предадено
Роман Андреас Буручага (6, Аргентина) – Карол Дрзевиецки (Полска) 75 60
Сумит Нагал (Индија) – Бенџамин Хасан (7, Либан) 61 63
Нермин Фатиќ (БиХ) – Миљан Зекиќ (Србија) 61 предадено
Филип Кристиан Јиану (Романија) – Вилсон Леите (Бразил) 64 75
Мате Валкуж (Унгарија) – Ендрју Паулсон (Чешка) 26 63 64
Алекасндер Веис (Италија) – Никола Милојевиќ (Србија) 50 предадено
Дино Прижмиќ (Хрватска) – Калин Ивановски (Македонија) 64 61
Резултати прво коло двојки:
Иван Лутаревич (Белорусија), Владислав Манафов (Украина) – Санјар Фајзиев (Узбекисатан), Маркос Каловелонис (Грција) 62 67(3) 10-6
Филип Бергееви (Шведска), Џејсон Тејлор (Австралија) – Обрад Марковски, Горазд Србљак (Македонија) 61 62
фото: Игор Паневски