Ивановски: Благодарност до публиката, но ќе мора на друго место да го освојам првиот поен на Челинџер

May 23, 2023

Македонскиот тенинсер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во Скопје Macedonian Open 2023. Поуспешен од него по речиси два часа игра беше хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ со 2-0 во сетови.

Сакам да и заблагодарам на публиката за поддршката, но едноставно не успеав првиот поен на Челинџер турнир да го освојам во Скопје. Противникот со кој добро се познавам одигра одличен меч, тој е добра форма тоа го покажуваат неговите резултати. Јас имав шанси и брејк топки и во првиот и во вториот сет, но не успеав да ги искористам, што се покажа и како решавачко, изјави Калин Ивановски по мечот.

За Ивановски на турнирот останува мечот во игра на двојки каде заедно настапува со Берг Бугариќ.

 

фото: Игор Паневски

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани