Ивановски не ја мина првата пречка на Macedonian Open 2023

May 23, 2023

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 подобар од него беше Дино Прижмиќ од Хрватска кој славеше со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1). Мечот траеше 1 час и 50 минути. Мечот го следеа околу 300 гледачи.

Првиот сет мина во изедначена борба и само нијанси решија за првиот сет кој го доби првиот сет. По 2:2 во гемови, Ивановски пропушти прилика поведе, не успеа да реализира три берјк топки и во завршницата на гемот на сервис Прижмиќ имаше и два аса. Во следниот гем противникот направи брејк и поведе со 4:2. Сепак неизвесноста во сетот продолжи откако Ивановски имаше нови три брејк топки, искористувајќи ја третата и да ја врати неизвесноста бидејќи го доби гемот на свој сервис за 4:4. Во деветиот гем повторно на сервис на Прижмиќ, Ивановски избрза во завршницата на неколку поени и хрватскиот тенисер поведе со 5:4. Во следниот гем на сервис на Ивановски, Прижмиќ дојде до три брејк топки кој Калин успеа да ги спаси. но немаше решение за четвртата која значеше 6:4 за Хрватот и водство во мечот од 1:0.

Вториот сет имаше сосема поинаков тек. По 1:1 во сетот Ивановски повторно имаше три берјк топки, кои не успеа да искористи ниту една што значеше водство на Прижмиќ од 2:1, а веднаш во следниот гем хрватскиот тенисер го направи брејкот веднаш и поведе со 3:1, за набрзо потоа да направи уште еден брејк за 5:1 и сетот веќе беше решен.

Во следното коло Пржмиќ ќе игра против вториот носител Евгениј Донски од Русија.

Калин Ивановски утре заедно со Берг Бугариќ ќе настапат во игра на двојки против Пурав Раја и Дивиј Шаран од Индија.

Резултати од денешните мечеви од првото коло:
Нермин Фатиќ – Миљан Зекиќ 61 предадено

Азиз Дугаз – Луис Веселс  36 62 63

Оливер Крафорд – Матеус Де Алмеида 63 76(3)

Франциско Комесана – Џејмс Мек Кејб 61 40 предадено

Дино Прижмиќ – Калин Ивановски 64 61

Сумит Нагал – Бенџамин Хасан 61 63

По завршувањето на мечот меѓу Никола Милојевиќ и Александер Веис, на централниот терен во конкуренција на двојки ќе играат: Обрад Марковски и Горазд Србљак против Филип Бергеви и Џејсон Тејлор.

фото: Игор Паневски

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани