Марковски: Имав шанса мечот да го „однесам“ во трет сет, но неуспеав

May 22, 2023

Возбудлив меч пред се во вториот сет одигра нашиот тенисер Обрад Марковски во рамките на финалниот меч од квалификациите за настап на „главнниот турнир“ Macedonian Open 2023. Тој го загуби дуелот со полскиот тенисер Карол Дрзевиецки. Првиот му припадна на Полјакот со 6:2, а во вториот беше 7:5.

  • Сметам дека добро се подготвив за мечот. но едноставно се што се обидов во првиот сет не успевав да го остварам. Не беше исто како вчера, а противникот буквално чекаше. Во вториот сет играта беше равноправна, почнав добро со водство од 3:0, бев и на чекор за 4:0. Сепак најголемата прилика за 1:1 ја имав во десеттиот гем кога водев со 5:4 и на сервис на противникот имав сет топка која не ја искористив. Потоа се беше потешко, истакна Марковски.

Македонскиот тенисер за пласманот во второто финално коло од квалификациите на Челиџер 75 турнирот ќе освои два поена. Тој заедно со Горазд Србљак утре во конкуренција на двојки ќе играат против Филип Бергеви од Шведска и Џејсон Тејлор од Австралија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани