Лина Ѓорческа денеска на фјучрсот го игра четвртфиналето на фјучрсот во Куршумлијска Бања. Нејзина ривалка ќе и биде Кајса Риналдо Персон од Шведска (25 год., 374 место на ВТА листата). Мечот се игра на теренот број 2 и е трет по распоред, што значи дека ќе стартува не пред 12:30 часот.
Македонскиот тенисер Калин Ивановски на машкиот дел од фјучрсот вчера по голема борба и повеќе од два часа го загуби мечот од второто коло во поединечна конкуренција од Микалаи Халиак од Белорусија со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби противникот со 6:4 во гемови. На стартот од сетот Халиак поведе со 2:0 и 3:1, за потоа Ивановски да направи серија од 3-0 и го презеде водството со 4:3. Сепак противникот ја возврати серија од три гема и го доби сетот со 6:4. Во вториот сет целосна доминација на Ивановски и по 3:0 сетот го доби со 6:1. Во решавачкиот сет се водеше голема борба и по 3:3 Белорусинот направи брејк во осмиот гем за 5:3, а потоа го доби и следниот гем за 6:3. Нијанси го решија победникот во мечот, скорот во поени беше 86:83 за Халиак, додека Ивановски имаше 3 од 6 искористени брејк топки, а противникот 3 од 5.
Ивановски синоќа го загуби и мечот од второто коло во двојки заедно со Мили Пољичак од Хрватска. Поуспешни од нив беа српските тенисери Новак Новаковиќ и Тадија Радовановиќ со 2-1 во сетови. Првиот сет го добија домашните тенисери со 7:5 во гемови, а вториот и припадна на македонско-хрватската комбинација со 7:6 – 7:3 на поени во тај брекот. Во решавачкиот сет беше 10:5 на поени за Новаковиќ и Раденковиќ.