Лина и Калин „бркаат“ пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања

May 18, 2023

Македонските тенисери Лина Ѓорческа и Калин Ивановски денеска повторно ќе бидат на терените. Во рамките на второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања ќе ги играат мечевите од второто коло. Ѓорческа која е рангирана како третата носителка на женскиот турнир ќе игра против ЈУлие Струплова од Чешка. Млада тенисерка(18 години)  која се наоѓа на 434 место на ВТА листата. Овој меч е втор според редоследот на теренот број 1 и нема да почне пред 10:30 часот.

Калин Ивановски и денеска го очекува двојна програма, откако вчера доцна попладне со Мили Пољичак од Хрватска ги победија Габриел Гомез од Франција и Микалаи Халиак од Белорусија, со 6:2 и 6:1 во сетови. Токму тенисерот од Белорусија е денешниот противник на Ивановски во поединечна конкуренција. Халиак (24 години) се наоѓа на 835.место на АТП листата. Овој меч ќе се игра на теренот број 4 и е втор според програмата. Ивановски во сингл конкуренција е рангиран како седми носител, додека во двојки со Пољичак се седми носители.

Мечот во двојки од второто коло Ивановски и Пољичак ќе го играат во попладневните часови, а противници ќе им бидат Новак Новаковиќ и Тадија Радовановиќ од Србија.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани