Нашиот најдобар тенисер во моментов Калин Ивановски успешно го заврши настапот на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања во Србија, но малку недостасуваше за комплетен триумф. Ивановски беше учесник на двата финални меча, а успеа да освои побенички пехар во конкуренција на двојки, додека воп сингл го загуби финалето.
Ивановски по голема борба и три сета беше поразен во финалето од Французинот Клеман Табу (седми носител) со 2-1 во сетови. На патот до фиалето Ивановски ги совлада Виктор Јовиќ од Србија (1.коло), Тимо Лежо од Франција (2.коло), Хади Хабиб од Либан (1/4 финале) и Олександр Овчаренко од Украина (1/2 финале).
Во конкуренција на двојки тој заедно со Овчаренко го освоија победничкиот пехар откако со 2-1 во сетови ги победија Андреј Чепелев (Русија) и Микалаи Халиак (Белорусија).
Од македонските тенисери на турнирот во Србија настапи и Горазд Србљак, кој по успешно минатите квалификации во првото коло загуби од Аргентинецот Хуан Пабло Паз.
На женскиот турнир во Куршумлијска Бања настапи и Магдаелна Стоилковска и таа преку квалификациите стигна на главниот турнир, каде во второто коло загуби од првата носителка Михаела Лаки од Грција со 2-0 во сетови (7:5 и 6:4) со тоа што Стоилковска успеа да освои најмногу гемови во мечот за разлика од тенисерки.
Изминатава недела настап на фјучрс во Загреб имаше и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, која поради дождот мечот од 1/4 финалето го играше во сала и загуби од Ела Сидел од Германија.