Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец Калин Ивановски на ITF професионалниот турнир со награден фонд од 15.000 УСД кој се одржа од 24-30 Октомври 2022 год. во Хераклион, Грција ја освои втората титула оваа година во поединечна конкуренција. Калин во финалето убедливо со резултат од 6-1, 6-1 го победи носителот Себастијан Гима од Романија.
Во месец август Калин ја освои титулата во поединечна конкуренција на турнирот во Монастир, Тунис исто така на ITF професионалниот турнир со награден фонд од 15.000 УСД.