Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis)

September 16, 2022
FB1FC5A0-BE62-4BBB-8D76-1FACF9654528

Од 27 до 30 Септември 2022, ТФСМ организира курс за тренери од основно ниво Играј Тенис (Play Tennis). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) и по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите се стекнуваат со сертификат/лиценца признаен од Интернационалната Тениска Федерација (ITF) и од ТФСМ. Клубот организатор ќе биде накнадно објавен.

Пријавата треба да биде извршена најдоцна до 22 Септември 2022 година на следниот e-mail contact@tfsm.mk, за сите останати информации можете да се обратите на 070233243. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса. Максималната бројка на кандидатите е 24.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 26 Септември 2022 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Сите избрани тренери треба да уплатат годишна лиценца од 2000 денари и 4000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2022, курс од ниво Играј тенис и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

Одлука за посетување курс

Дел од тренерите по завршување на курсот ќе можат да продолжат на курсот Ниво 1 кој треба да се одржи во периодот 24 Октомври до 5 Ноември 2022.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани