Почнуваат Европските првенства за Јуниори во тенис

July 15, 2022

Во периодот од 17ти до 22ри Јули 2022 година ќе се одржат Европските првенства во тенис за Јуниори категории до 14 год., до 16 год. и до 18 год.

На Европското првенство до 14 години кое ќе се одржи во Мост, Чешка учество ќе настапуваат нашите тенисери: Максимилијан Алексовски, Кристијан Јанев, Сара Митевска и Ива Кецкарова предводени од официјалниот тренер Андреја Исаиев.

На Европското првенство до 16 години кое ќе се одржи во Преров, Чешка учество ќе настапуваат нашите тенисери: Филип Стојановски, Ана Митевска, Амар Хусеиновиќ и Катја Ивановска предводени од официјалниот тренер Круно Деспотовски.

На Европското првенство до 18 години кое ќе се одржи во Клостерс, Швајцарија ќе настапуваат нашите тенисери: Андреј Милевски, Александра Симева, Ива Данева и Марко Стоилковски предводени од официјалниот тренер Илија Мартиновски.

Резултатите од настапите на нашите репрезентативни тимови ќе бидат дополнително објавени.

https://www.tenniseurope.org/page/16374/European-Junior-Championships

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани