Македонската репрезентација на чекор до голема победа

July 6, 2022

10/07/2022 Македонската репрезентација со минимална разлика не успеа да се пласира во втората Евроафриканска група. Во неизвесната  борба против репрезентацијата на Португалија од која загуби со 2:1, нашите тенисерки покажаа дека имаат квалитет да се соочат и со најдобрите селекции од светот.

Во првиот меч од финалето, Магдалена Стоилковска загуби во два сета со 6:7, 3:6 од Матилга Жорге, за потоа нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа да слави и да го израмни мечот на 1:1. Ѓорческа на Франциска Жорге и препушти само два гема (6:1,6:1).

Во одлучувачкиот меч, во игра на двојки, Португалките утврдија победа со 4:6 ,6:4, 4:6.

Следната година репрезентацијата на Македонија повторно ќе ја проба шансата за влез во втора Евроафричка група на Били Џин Кинг Купот.

08/07/2022 Македонската репрезентација со денешната победа од 2:0 над репрезентацијата на Косово обезбеди место во Финалето на Били Џин Кинг Купот. Утре, сабота на централниот терен во ТК ЈУГ, ќе се играат финалните мечеви со репрезентацијата на Португалија. Победникот од финалето ќе обезбеди свој влез во втората Евроафриканска група.

07/07/2022 Женската тениска репрезентација на Македонија по триумфот во последното коло над Јужна Африка со 2:1 успеа да се пласира во полуфиналето на Били Џин Кинг купот и утре против репрезентацијата на Косово ќе игра за место во финалето и борба за промоција во повисок ранг на натпреварувањето.

Во првиот дуел во поединечна конкуренција Магдалена Стоилковска во два сета со 6:2 и 6:0 беше совладана од Хајке Јансе Ван Вурен, а потоа нашиот прв рекет Лина Ѓорческа со идентичен резултат триумфираше над Шанел Симодс.

Победникот во овој меч го решаваше играта во двојки каде Ѓорческа и Стоилковска со пресврт стигнаа до победа и триумф на репрезентацијата на Македонија.

Првиот сет им припадна на тенисерките од Јужна Африка, Илајз Хатинг и Шанел Симонс откако славеа со 6:3. Во продолжението нашите тенисерки бодрени од скопската публика двата сета ги решија во своја полза со 6:3 и 6:3 и на Македонија и го донесоа клучниот поен за пласман во полуфиналето.

06/07/2022 Женската тениска репрезентација на Македонија и во вториот настап успеа да забележи убедлива победа. Овој пат со 3:0 нашите тенисерки триумфираа над Боцвана. Првиот поен за Македонија го освои Магдалена Стоилковска која во два сета беше поуспешна од Челзи Чаканјука. Во вториот дуел во поединечна конкуренција, Лина Ѓорчевска со 6:1 и 6:1 славеше над Екуа Јури. Нашите тенисерки беа супериорни и во игра на двојки каде Ѓорческа и Стоилковска со 2:0 триумфираа над Чаканјука и Јури.

Утрешниот дуел против Јужна Африка, кој е воедно и борба за освојување на првото место во групата се игра на Централниот терен на Тенискиот клуб Југ со почеток во 10 часот.

Женската тениска репрезентација на Македонија со максимален триумф (3:0) стартуваше на „Били Џин Кинг“ купот.

05/07/2022 Македонија ја совлада Уганда со 3:0 во првото коло од групата Ц. Лина Ѓорчевска и Магдалена Стоилковска ги совладаа своите противнички без загубен гем. Стоилковска славеше со 6:0 и 6:0 над Намаганда, додека Ѓорческа со ист резултат беше подобра од Бирунги.

повеќе слики од настанот во Галерија

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани