Калин Ивановски меѓу осумте најдобри на Јуниорскиот Вимблдон

July 6, 2022

07/07/2022 

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот дел од третиот Гренд слем турнир Вимблдон. Ивановски беше на чекор да забележи уште една победа, но на крајот поуспешен од него беше Шпанецот, Педро Роденас. Калин го реши првиот сет во своја полза со 6:3, а потоа во вториот имаше можност за победа, но Роденас успеа да израмни откако во тајбрејк славеше со 7:6. И во третиот решавачки сет се водеше неизвесна битка која на крајот му припадна на Шпанецот.

Со овој меч, Калин Ивановски го заврши својот настап на овогодинешниот Вимблдон како еден од најдобрите 8 играчи во јуниорска категорија.

06/07/2022 

Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето на јуниорскиот турнир во Вимблдон. Ивановски по два часа и три минути игра славеше победа над Литванецот Едас Бутвилас. Првиот сет му припадна на Ивановски со 6/4. Во вториот Литванецот возврати со 7/5, а потоа во третиот со 6/0 за само 29 минути игра, Ивановски го реши прашањето околу патникот во четвртфиналето. За место во полуфиналето, Калин Ивановски ќе игра против Бор Артнак од Словенија или против Шпанецот Педро Роденас.

05/07/2022

Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори пласман во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон и тоа откако денеска (05.07.2022) му одржа лекција на единаесеттиот носител Родриго Пачеко Мендез од Мексико. Калин доминираше против Мексиканецот и во двата сета изгуби само три гејма. Првиот го реализираше со 6-1, додека вториот со 6-2 за триумф со кој го продолжува настапот на престижниот настан во Лондон.

Воедно Ивановски имаше перфектна завршница на мечот која дојде по исцрпувачкиот седми гејм во кој му беа птребни дури девет брејк топки за да му го одземе сервисто на противникот за 5-2. Македонецот потоа дојде на сервис каде не му дозволи на Пачеко да мрдне со тоа што последниот поен беше навистина мангупски. Се реши за сервис под нозе, потег кој се покажа како вистински за потврда на триумфот.

линк од фантастичниот сервис

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани