Дејвис куп репрезентацијата на Македонија од утре па до 25 јуни во Улцињ, Црна Гора, ќе игра во Дејвис куп во Европската трета група, светско екипно првенство во машка конкуренција.
Противници на Македонија ќе бидат Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија и Црна Гора. Само три земји ќе играат во плеј-офот за влез во Втората европска група, додека две земји испаѓаат во четврта група. Македонската репрезентација за сочинуваат тенисерите Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов и Берк Бугариќ.
23.06.2022 – Победа на најдобрата машка репрезентација во Davis Cup Група 3 против екипата на Црна Гора.
Машката тениска репрезентација ја победи со 2:1 Црна Гора на ITF DAVIS CUP EUROPE GROUP III, Светското екипно првенство за Мажи кое се одржува во Улцињ Црна Гора.
Калин Ивановски и Горазд Србљак победија во натпреварот во двојки против Петар Јовановиќ и Цунгу Резарт. Калин Ивановски победи со 6:4 и 6:3 во својот сингл натпревар против црногорскиот тенисер Петар Јовановиќ, додека во вториот сингл натпревар македонскиот тенисер Берг Бугариќ загуби од Цунгу Резарт.
Црна Гора беше еден од фаворитите на турнирот.
Утре следат натпреварите против екипата на Молдавија.
Македонија денес во последниот меч во група загуби од Молдавија со 2:1 и нема да игра за пласман во Плејофот за 2та Светска група од Davis Cup натпреварувањето.