Успех на младиот македонски тенисер Максимилијан Алексовски
Максимилијан Алексовски, млад македонски тенисер забележа голем успех на европскиот тениски турнир за деца до 14 годишни кој изминативе денови се одржа во Битола.
Во конкуренција на тенисери од цела Европа, македонскиот јуниор стигна до финалето каде по голема борба беше поразен од бугарскиот тенисер Александар Толев.
Алексовски на турнирот успешно настапуваше и во игра на двојки. Напорната работа и вложениот труд секогаш даваат резултат. Мaксимилијан напорно работи секој ден, и овој успех доаѓа очекувано, изјави неговиот тренер Андреја Исаиев од ТК АБЦ Скопје.