Пораз од домаќинот Кипар во последниот меч од БЏК купот

April 12, 2025

Женската репрезентација на Македонија со пораз од домаќинот Кипар го заврши годинашниов настап во Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Ларнака. Кипар оствари триумф од 2:0 откако беа одиграни двата сингл меча. додека мечот во двојки не се играше. Македонија денеска настапи без Лина Ѓорческа која поради повреда во четвртокот го предаде мечот во дуелот со Египет.

Во првиот денешен меч Ана Митевска загуби од Нина Андронику со 2-0 во сетови (62 60), додека во вториот меч Магдалена Стоилковска беше поразена од Дарија Фрајман со 2-0 во сетови (64 63).

Македонија со двата пораза во групата за пласман од 4-6 место годинашново издание го заврши како шестопласирана селекција. Тоа значи дека и следната година ќе игра во истиот ранг.

Пласман во Првата зона како две првопласирани селекции обезбедија Грузија и Норвешка, додека ранг пониско следната година ќе играа Естонија и Косово.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани