Србљак на чекор до главниот турнир во Аламинос

March 10, 2025

Горазд Србљак успеа да се избори за финале во квалификациите на ИТФ М15 турнирот во Аламинос, Кипар. Тој денеска во мечот од второто коло од квалификациите го надигра Британецот Кристијан Дел и забележа победа од 2-0 во сетови и притоа на противникот му препушти само три гема.

Првиот сет македонскиот тенисер го доби со 6:2 во гемови, а во вториот резултатот беше 6:1.

Утре за пласман на главниот турнир во третото квалификациско коло Србљак ќе игра против 19-годишниот тенисер од Австрија Мануел Лазиќ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани