Македонија со шест тенисери и тенисерки дел од развојниот шампионат во Анталија

March 3, 2025

Македонскиот национален тим составен од шест тенисери и тенисерки на возраст до 12 и до 14 години од денеска до 12.март ќе настапат на развојниот шампионат за играчи на таа возраст што ќе се одржува во Анталија, Турција. Македонскиот тим го сочинуваат: Марко Алексовски, Алексеј Стојановски, Деа Крстевска и Ивана Божиновска (до 14 години), како и Ведрана Таневска и Томи Јакимовски (до 12 години). Заедно со тенисерите се и тренерите: Тања Стојановска и Андреја Исаиев.

Турнирот за тенисерите и тенисерките до 14 години стартува денеска, додека тенисерките и тенисерите до 12 години во првата фаза ќе имаат камп, а нивниот турнир ќе стартува по одржувањето на кампот.

На развојниот шампионат присутни се 60 тенисери и тенисерки од 10 држави, а дел од од овие шампионати биле и сега познатите тениски имиња како: Ирина Сабаленка, Јелена Остапенко, Симона Халеп, Маркос Багдатид и Григор Димитров.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани