Тенискиот клуб Југ е старо-нов шампион на Македонија, откако во финалето денеска го совлада тимот на Поинтер со убедливи 5:0. Ова е уште една титула за Југ во низата со што го прави најуспешен спортски колектив во тенискиот спорт, а воедно и за најуспешен клуб со најмногу освоени шампионите титули во спортовите во Македонија.
Југ во финалето со убедливи 5:0 (пет победи во сингл) го совлада Поинтер. Тимот на Поинтер денеска настапи без двајцата најдобри играчи Горазд Србљак и Обрад Марковски, па и од таа причина изостана неизвесноста во конечниот резултат.
За разлика од финалето дуелот за третото место заврши со победа од 4:3 за Неготино против МТП, што беше знак дека беа одиграни сите мечеви, а победникот беше решен по одигрувањето на двата меча во двојки.
ФИНАЛЕ: ЈУГ – ПОИНТЕР 5:0
Петар Нестеров – Максимилијан Алексовски 2-0 (60 61)
Шендрит Деари – Михаил Кусески предадено повреда Кусески
Берк Бугариќ – Петар Џугоманов 2-0 (60 61)
Кристијан Јанев – Илија Мартиноски предадено повреда Мартиноски
Максим Тренески – Бојан Кировски 2-0 (61 62)
3.место: НЕГОТИНО – МТП 4:3
Стефан Мицов – Дамјан Домазетовски 2-0 (60 61)
Иван Манасов – Матеј Арсов 2-0 (60 60)
Елведин Пепиќ – Албан Шабани 2-0 (64 62)
Васко Здравкин – Виктор Сушелски 0-2 (16 26)
Андреј Тасевски – Салидин Рама 0-2 (46 57)
Мицов/Тасевски – Амар Хусеиновиќ/Домазетовски 0-2 (36 26)
Манасов/Пепиќ – Сушелски/Шабани 2-0 (64 62)
Од утре (четврток) на терените на ТК Југ во Градски парк стартува државното првенство во поединечна конкуренција.