Екипите на Југ и на Поинтер од Скопје ќе играат во финалето на Македонската тениска лига. Двете екипи по првата фаза ги освоија првите места во групите и со тоа се изборија за финалето кое ќе се игра на терените на ТК Југ утре(вторник) со почеток во 10 часот. Во денешните мечеви од 3.коло во групата 1 Југ го совлада тимот на МТП со максимални 7:0, додека во дуелот за првото место во групата Поинтер славеше победа над Неготино со 5:2.
Во дуелот меѓу Поинтер и Неготио се водеше голема борба пред се во сингл мечевите кои завршија со скор 3-2 за Поинтер.
Резултати по мечеви од 3.коло:
Поинтер – Неготино 5:2
сингл:
Обрад Марковски – Симон Антони Иванов 76(7) 76(4)
Марко Стоилковски – Лука Павловиќ 46 46
Михаил Кусески – Стефан Мицов 16 16
Горазд Србљак – Иван Манасов 62 61
Илија Мартиноски – Димитар Ристовски 62 46 62
дубл:
Марковски/Србљак – Иванов/Павловиќ 46 50 предадено
Стоилковски/Кусески – Мицов/Манасов 62 63
Југ – МТП 7:0
Петар Нестеров – Елдин Хусеиновиќ 61 61
Габриел Донев – Борјан Стефановски 61 63
Бесир Дургути – Дамјан Домазетовски 60 61
Шендрит Деари – Грегор Стојнев 61 61
Берк Бугариќ – Матеј Попов 60 60
Нестеров/Буграиќ – Хусеиновиќ/Попов 61 61
Дургути/Колевски – Стојнев/ Стефановски 61 63