Младиот македонски тенисер Кристијан Јанев го загуби финалето на турнирот Поинтер Опен 2024 во Скопје (тенисери до 16 години).
Тој во финалниот меч загуби од Лаурентиу Алберт Кристијан Бадеа од Романија со 2-0 во сетови. Противникот на Јанев во финалето го одигра најдобриот меч на турнирот и речиси играше без грешка што му донесе и убедлива победа од 6:1 и 6:0 во сетови. Турнирот беше од категорија 3, а Романецот Бадеа беше рангиран како втор носител.
На патот до финалето Јанев, кој беше рангиран како трет носител во првото коло беше слободен, а во второто коло на убедлив начин го совлада Џугоманов (Македонија) со 2-0 во сетови (60 60). Во следната рунда го победи Салидин Рама од Косово со 2-0 во сетови (63 60), а во четвртфиналето беше поуспешен од Ерион Незири (Македонија) со 2-0 во сетови (62 61). За пласман во финалето го победи Русинот Георги Красутин со 2-0 во сетови (63 61).