Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе ја предводи женската репрезентација на Македонија на годинашниве мечеви од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што од понеделник до сабота (19-24.јуни) ќе се игра во Скопје на терените на ТК Југ. Селекторот Димитар Лабудовиќ покрај Ѓореческа во репрезентацијата ги има повикано и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ива Данева и Ана Митевска.
Ѓорческа со својот ранг (232 место во сингл) е меѓу најдобрите пријавени тенисерки од 11-те репрезентации. За Ѓорческа ова е 4.то учество во рамките на ФЕД купот или по ново БЏК Купот. Стоилковска ќе го има петтото учество, а на ВТА листата е рангирана како 1335-та со ИТФ ранг на 173.место. Другите три тенисерки во нашиот состав се јуниорки: Александра Симева (4.то учество, 18 години), Ива Данева (3.учество, 17 години) и Ана Митевска (15 години, дебитантка).
За натпреварувањето се пријавени 11 репрезентации, кои ќе бидат поделени во две групи (6 репрезентации и 5 репрезентации).
Извлекувањето на групите ќе се одржи во попладневните часови.