Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја стартува со настап на квалификациите на Грен Слем турнирот Австралија Опен во Мелбурн. Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап на квалификациите на овој Грен Слем турнир, откако во 2017 година беше на чекор до пласман на главниот турнир бидејќи загуби во третото квалификациско коло од првата носителка во квалификациите Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1 во сетови (46 63 62).
Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификации на Грен Слем турнир (три на УС Опен, и по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон).
Квалификациите за првиот Грен Слем турнир почнуваат на 8. јануари, а турнирот стартува на 14. јануари.
Македонската тенисерка веднаш по Нова година ќе патува за Австралија.