Ѓорческа ја очекува противничката во квалификациите на УС Опен

August 18, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска попладне ќе го дознае името на ривалката во првото коло од квалификациите на четвртиот Грен слем турнир УС Опен што се игра на терените на Флешинг Медоу во Њујорк. За Ѓорческа ова ќе биде настап на сите четири грен слем турнири оваа година и вторпат во својата кариера во една година ќе има настап на сите турнири (2017 година имаше настап).

Во својата кариера Ѓорческа досега имала три настапи во квалификациите на УС Опен – 2016, 2017 и 2018 година и во својот последен настап беше дел и од втората рунда од квалификациите. Ѓорческа во моментов се наоѓа на 193.то место на ВТА листата.

Пред настапот на УС ОПен, македонската тенисерка имаше успешни настапи финале на фјучрс турнир во Рим, како и полуфинале на фјучрс турнир во Португалија што се играше на тврда подлога.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани