Одличен настап имаше денеска македонската тенисерка Лина Ѓорческа на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска Бања и во осминафиналето ја надигра првата носителка Пана Удварди од Унгарија со 2-0 во сетови (60 63) за еден час и 13 минути игра.
Првиот сет македонската тенисерка го одигра без грешка и го доби со 6:0 во гемови, притоа скорот во поени беше 29:11 (вкупно во мечот 66:41).
Во вториот сет Ѓорческа поведе со 3:0 во гемови, а ривалката намали на 3:2. Сепак во еден од клучните моменти во осмиот гем Ѓорческа успеа да спаси брејк топка и да не дојде до 4:4 во сетот, а гемот го заврши со ас сервис (единствениот во мечот за двете тенисерки). До крајот на сетот македонската тенисерка ја задржа предноста и сетот го доби со 6:3 во гемови.
Ѓорческа имаше шест брејка од 11 можности, а Удварди 1 од 4.
Во следното коло утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Далила Јакуповиќ од Словенија (33 години, 252 место ВТА), која во четвртфиналето се избори откако нејзината противничка Каролине Вернер од Германија го предеде мечот. Ова ќе биде трет меѓусебен меч на двете тенисерки досегашниот скор е 1:1 во добиени мечеви (двата меча се одиграа во 2016 година).