Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по триумфот во сингл на фјучрсот во Хешингем, денеска постигна победа и во конкуренција на двојки. Таа и Русинката Алена Фомина-Клоц кои се трети носителки ги совладаа Мариана Држиќ од Хрватска и Анита Вагнер од Босна о Херцеговина со 2-0 во сетови (63 63).
Против кого ќе играа во четвртфиналето ќе биде познато по одигрувањето на мечот Тамара Чуровиќ (Србија) и Тања Малигина (Естонија) против Михаела Бајерлова (Чешка) и Анастасија Золотарева (Русија).
Утре во второто коло во сингл Ѓорческа ќе игра против Словенката Жива Фалкнер (21 година, 518 место ВТА).