Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе игра ново финале во поединечна конкуренција. Таа на последниот меч на фјучрсот во Осиек (награден фонд 25.000 долари) ќе игра против Романката Анка Алексиа Тодони (18 год., 435 место ВТА).
Ѓорческа на патот до финалето забележа четири победи и сите во два сета ги доби со 2:0. Во првото коло беше подобра од Романката Сабина Дадациу со 62 и 63 во сетови, а во следната рунда ја совлада домашната тенисерка Силвија Њириќ со 63 и 60. Во четвртфиналето ја победи Русинката Викторија Кан со 62 и 62, додека во полуфиналето беше поуспешна од Илинка Далина Амариеи со 75 и 64.
Ова за Ѓорческа е 32.ро финале во сингл во кариерата (12-19 победи-порази), а трето финале во 2023 година. Ги загуби финалните мечеви во Талин и во Куршумлијска Бања.