Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во 3.коло на фјучрсот што се игра во чешкиот град Рикани. Таа во првото коло беше слободна бидејќи е рангирана како носител број 4 на фјучрсот што се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Во денешниот меч од второто коло Ѓорческа ја совлада Ангелина Вирџес од Германија со 2-0 во сетови (64 62) за 1 час и 19 минути. Првиот сет почна со водство на тенисерка од Германија која поведе со 2:0 и 3:1, но потоа следуваше серија од четири гема на Ѓорческа, по мои го доби сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет по 2:2 во гемови македонската тенисерка имаше повторно серија од четири гема за 6:2 во вториот сет и пласман во третото коло.
Нејзина противничка ќе и биде Романката Габриела Ли (27 години, 384 место ВТА), која лани на 1.август го имала својот најдобар пласман 136 место, а во претходните две кола ги победила: Алина Чараева од Русија 2-1 во сетови (прво коло) и Николина Бартункова од Чешка 2-0 во сетови (второ коло).