Македонско-швајцарската комбинација Лина Ѓорческа и Џил Тајхман обезбедија четвртфинале на ВТА Челинџер 125 турнирот што се игра во Љубљана за награден фонд од 100.000 евра. Во денешниот меч од стартното коло во двојки ги победија сестрите Надја и Марина Колб од Украина, кои беа рангирани како трети носителки. Мечот заврши со 2-0 во сетови (76(5) 60) за 78 минути игра.
Во мечот имаше два различни сета. Првиот сет беше решен во тај брејк, откако двата пара имаа по три брејка и по резултатот 6:6 во гемови решвачки беше 13.тиот гем. Џил и Лина беа во постојана предност и по 5:5 на поени стигнаа до првата сет топка што ја реалзираа за добивање на сетот со 7:5. Во вториот сет целосна доминација на македонско-швајцарската двојка и со 6:0 во гемови го заврши сетот.
Во четвртфиналето Ѓорческа и Тајхман ќе играат против тенисерките од Чешка Каролина Кубанова и Анета Лабуткова, кои со 2-1 во сетови (26 64 10-4) ги совлдаа словенечките тенисерки Жива Фолкнер и Пиа Ловрич.