Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (5.носителка) по голема борба и меч во 2 часа и 13 минути со 2-1 во сетови (26 76(3) 62) ја совлада Надине Тина Смит од Австралија (21 год. 500 место ВТА). Ова беше меч од второто коло, а во следната рунда ќе игра против домашната тенисерка Тереза Валентова (16 год.) која во оваа рунда ја победи 12.та носителка Силвија Амбросио од Италија со 2-0 во сетови (61 61).
Денешниот меч не почна за нашата тенисерка која беше во негатива на стартот откако противничката направи брејк и имаше водство од 4:1 во гемови. До крајот на сетот Смит имаше контрола и сетот го доби со 6:2 во гемови. Голема борба имаше во вториот сет, кој беше решен во тај брекот во корист на македонската тенисерка. Во завршницата на сетот ниту една тенисерка немаше предност 4:4, а во следниот гем Ѓорческа аправи брејк за водство од 5:4. Сепак Смит го врати брејкот и изедачи на 5:5, а потоа и поведе со 6:5. Сепак македонската тенисерка изедначи на 6:6 и се избори за тај брејк. Во „13.та игра“ Смит поведе со 3:2 во поени, но Лина Ѓорческа имаше серија од пет поени за освојување на сетот односно 7:3 во тај брекот – 1:1.
Психолошката предност беше на страната на македонската тенисерка во решавачкиот сет која поведе со 3:0, а потоа и со 5:1 во гемови што беше само најава на победата.