Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на новата ВТА листа објавена по финалето на ВТА Мастерсот се наоѓа на 189.то место што значи пад за две места во однос на претходното рангирање, но таа има 404 поени или пет повеќе од претходната недела. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 326.то место со 256 поени или пад за осум места во конкуренција на двојки.
Исто пад за осум позиции во конкуренција на двојки има и Магдалена Стоилковска која е рангирана на 1471.то место 6 поени. Таа во поединечна конкуренција е на 1231.то место со осум поени или за три позиции полош пласман од претходното рангирање.
Ѓорческа и оваа недела ќе биде дел од фјучрс турнирите и ќе настапи во Ираклион, Грција на турнирот со награден фонд од 40.000 долари, а првото коло е слободна. Таа е рангирана како трета носителка.