Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Рим што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада Италијанката Лаура Маир (20 год., 764 место ВТА) со 2-0 во сетови (63 76(5)). Во следното коло ќе игра со Жибек Куламбаева од Казахстан, која со 2-1 во сетови (26 63 62) ја победи квалификантката Аника Јашкова од Словачка.
Првиот сет македонската тенисерка го доби со 6:3 во гемови откако по водството од 3:2 во гемови направи брејк и потоа поведе со 4:2 и во следниот гем веќе беше и 5:2. Оваа предност Ѓорческа ја зачува до крајот на првиот сет. Во вториот сет имаше многу повеќе неизвесност, а двете тенисерки имаа по два брејка. Маир по брејкот поведе со 3:1, но Ѓорческа направи серија од 4-1 во гемови за водство од 5:4. Во осмиот и деветиот гем се играаше исклучително долго (осмиот гем траеше 12 поени, а во деветтиот гем имаше 14 поени). Двата гема ги освои Ѓорческа, но во следниот гем Италијанката направи брејк за 5:5. Сетот беше решен во тај брекот во кој нашата тенисерка по 2:2 во поени поведе со 6:3 што се покажа за решавачко.
Противничката во следната рунда Куламбаева има 23 години и се наоѓа на 435.место на ВТА листата.