Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на денешната ранг-листа на ВТА има пад за 22 места, од причина што не успеа да одбрани 41 поен и сега со 323 поени се наоѓа на 236. то место. Магдалена Стоилковска со истиот број поени 9 од исто толку турнири се наоѓа на 1216. то место или има пад за три позиции.
Во конкуренција на двојки единствено Ѓорческа има ранг и се наоѓа на 372. то место (пад за три позиции) со 226 поени.
На следното рангирање по две недели (по завршување на Австралија опен) кај Ѓорческа ќе и бидат „запишани“ поените од настапот во квалификациите на Гренд слем турнирот во Мелбурн.