Двете македонски тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и оваа недела се единствените со ранг на ВТА листата и во сингл и во конкуренција на двојки. Ѓорческа има напредок за две места и е рангирана на 216.то место со 335 поени или скок за две места. Магдалена Стоилковска е на истата позција – 1244.то место со 8 поени.
Во конкуренција на двојки Стоилковска има скок за пет места и е рангирана на 1469.то место со 6 поени, додека Лина Ѓорческа е рангирана на 303.то место (пад за четири позиции) со 256 поени.
Оваа недела Ѓорческа ја очекува настап на фјучрс во Куршумлијска бања, Србија каде е рангирана како 5.носителка и во првото коло е слободна. Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари.