Ѓорческа со две места понизок пласман

June 12, 2023

Македонската теисерка Лина Ѓорческа на најновата ранг листа има пад од две позиции и сега се наоѓа на 232.место на ВТА листата. Таа има 302 поена. Падот од две места се должи на тоа што Ѓорческа има девет поени помалку во однос на претходното рангирање.

Во конкуренција на двојки нашата тенисерка има 157 поени и се наоѓа на 427.место или послаб пласман за 11 места во однос на 29.мај годинава.

Лина Ѓорческа оваа недела што е воедно загревање пред настапот во Били Џин Кинг Купот во Скопје ќе има настап на фјучрсот во Чешка што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа е рангирана како носител број 4.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани