Македонија ќе има три преставнички на главниот турнир на фјучрсот во Скопје Триглав Опен што стартува утре на терените на ТК Југ и се игра за награден фонд од 40.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е слободна во првото коло. Таа е рангирана како 4.та носителка, а иститот статус – слободни во првата рунда се и другите 15 носителки.
Покрај Ѓорческа настап ќе имаат и Магдалена Стоилковска и Ива Данева. Стоилковска во првото коло ќе игра против Лексие Стивенс од Холандија (24 годни, 507.место на ВТА листа), додека Ива Данева за противничка ќе ја има Ксенија Ласкутова од Русија (27 години, 459.место ВТА).
Нашите тенисерки нема да имаат настап првиот ден од мечевите од првото коло во понеделник, кога ќе се одиграат осум мечеви од квалификациите како и шест меча од првата рунда.
Шестте македонски тенисерки (Катја Ивановска, Јана Божиновска, Ана Митевска, Теона Андова, Зара Зафировска и Ивана Милкова) кои настапија во квалификациите денеска ги загубија мечевите со 2-0 во сетови и се елиминирани во првата рунда од квалификациите.