Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фкучрс турнирот W75 Куршумлијска Бања. Таа во денешниот четвртфиале меч ја совлада Словенката Далила Јакуповиќ со 2-0 во сетови (64 63) за 80 минути игра. Утре во полуфиналето ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија, која денеска немаше меч бидејќи нејзината противничка Нина Стојановиќ (Србија) го предаде мечот без борба.
Ѓорческа и Јакуповиќ одиграа меч неизвесен меч како и претходните два, а по денешниот триумф Ѓорческа води со 2:1 во меѓусебните дуели.
Првиот сет беше во знакот на брејкови и резултатски нерешен со тоа што Ѓорческа имаше постојано водство. При 5:4 во гемови македонската тенисерка успеа да го освои гемот на свој сервис на убедлив начин и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет иста слика. Ѓорческа постојано е во водство, а Јакуповиќ изедначува. Така беше се до шестиот гем кога Лина поведе со 4:2, а потоа поведе и со 5:2 што беше само најава за добивање на сетот од 6:3.
Во вкупниот број поени скорот беше 70:54 за Ѓорческа.
Утрешната ривалка Радивојевиќ од Србија има 19 години и се наоѓа на 229 место на ВТА листата. Во меѓусебените мечеви скорот е 2:0 за Радивојевиќ.