Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го понесе најголемиот товар на мечевите на Били Џин Кинг купот во Скопје. Секако финалето имаше посебна тежина, но Ѓорческа на противничката во сингл мечот не и дозволи да освои ниту еден поен.
- По победата над Финска знаев дека сме блиску до конечната победа, но требаше да се одиграат уште мечеви. Денеска пресуден беше мојот сингл, кој го добив без проблеми. Сметам дека сосема заслужено победивме во сите мечеви и го освоивме првото место, изјави Ѓорческа по триумфот.
Ѓорческа победи на сите мечеви на кои настапи пет сингл победи и две победи во дубл.
Македонија во финалето ја победи Ерменија со 2:1.