Ѓорческа по водството, елиминирана од првата носителка на турнирот во Унгарија

March 12, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во првото коло на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар. Таа и покрај водството од 1-0 во сетови го загуби мечот со 2-1 во сетови (46 61 64) од првата носителка на турнирото Аранча Рус од Холандија за два часа игра. Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Лина дојде до водството по добриот почеток на мечот и првиот сет и припадна со 6:4 во гемови, но првата фаворитка на турнирот успеа да изедначи откако вториот сет го доби со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет ривалката имаше предност и на крајот успеа да стигне до победата откако го доби сетот со 6:4 во гемови.

Во текот на следната недела Лина Ѓорческа ја очекува настапот на турнир во словенечкиот град Марибор.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани