Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на ИТФ фјучрсот што се играше денеска во Аламинос, Ларнака на Кипар. Таа во финалето загуби со 2-0 во сетови од петтата носителка Луција Ќириќ Багариќ со 2-0 во сетови (62 63). Мечот траеше 62 минути.
Ова за Ѓорческа беше 34.то финале во сингл конкуренција, а има 13.турнирски победи.
Мечот го решија искористените брејк прилики. Хрватската тенисерка имаше 4 брејка од 9 можности, а Ѓорческа 1 од 10 (во вториот сет остана без брејк откако во првиот имаше 1/1). Македонската тенисерка имаше 5 двојни сервис грешка, а ривалката 3, а бројот на ас сервис беше 5:1 за Ќириќ Багариќ. Со оваа победа Хрватската ја продолжи серијата на победи во 2024 година и ова е нејзин четврти освоен турнир.
Во првиот сет победничката поведе со 3:0 во гемови откако направи брејк во вториот гем, но Ѓорческа успеа да „врзе“ два гема и намали на 3:2, но сепак следуваше серија од три гема за Ќириќ Багариќ, која сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет по 1:1, тенисерката од Хрватска направи брејк во четвртиот гем (единствен во вториот сет) за 3:1, а потоа поведе и со 4:1 и на крајот од сетот ова се покажа како клучна предност.
За пласманот во финалето Ѓорческа ќе освои 23 поени, а од утре ќе биде рангирана на 239.то место или ќе има скок од две места.
Од следната недела за Ѓорческа е уште еден настап на ИТФ турнир во Аламинос за ист награден фонд од 25.000 долари или W35 Аламинос-Ларнака.