Најдоброрангираната македонска тенисерка на најновата ранг листа нема промена во рангот, а има и ист број поени како и претходната недела.
Таа се наоѓа на 235.то место на ВТА ранг-листата со 319 поени, додека Магдалена Стоилковска има скок за едно место 1211.то место со 9 поени од 9 турнири.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа исто така нема промена во рангот и се наоѓа на 373.то место со 226 поени од 9 турнири.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела ќе биде активна на ИТФ фјучрс турнирот во Трнава, Словачка.