Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа и во третото финале во 2023 година да стигне до победничкиот пехар. Таа во финалето на фјучрсот во Осиек загуби од Романката Анка Алексиа Тодони загуби со 2-0 во сетови (64 63) за 84 минути игра.
Во првиот сет Ѓорческа поведе со 2:0 во гемови, но противничката направи серија од четири гема за водство од 4:2. Нашата тенисерка успеа да изеначи на 4:4, но романската тенисерка го освои сетот со 6:4. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 3:0 во гемови, но потоа следуваше пад во играта и Тодони го доби и вториот сет со 6:3 за конечна победа.
Со пласманот во финалето нашата тенисерка освои 30 поени, а следниот настап ќе го има на фјучрс турнир во Швајцарија кон крајот на овој месец.