Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела ќе настапува на фјучрс турнир во Рим, Италија. Турнирот е рангор на W60 со награден фонд од 60.000 долари.
Во првото коло нашата тенисерка за противничка ја има 20-годишната Италијанка Лаура Маир, која на турнирот настапува со вајлд карта. Маир се наоѓа на 764 место на ВТА листата што е воедно нејзин најдобар ранг во кариерата.
Ѓорческа е рангирана како носител број 6 на турнирот, а мечот го нема во најавата за утрешната програма што значи дека најверојатно ќе се игра во среда.