Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе ги почне мечевите од квалификациите на Грен слем турнирот Ролан Гарос. Таа на теренот Сузан Леглен (еден од главните на комплексот Ролан Гарос) ќе игра против домашната тенисерка Марго Рувруа.
Французинката има 23 години и се наоѓа на 285.то место на ВТА листата и на турнирот игра игра со вајлд карта. Рувруа најдобриот пласман во кариерата го имаше на 15.јануари 2024 година кога беше рангирана на 231.то место.
Инаку, овој меч е четврти на програмата на теренот Сузан Леглен, а претходно на истиот терен ќе играат и познатите имиња како Диего Шварцман (Аргентина), Сара Ерани (Италија). Првиот меч на овој терен ќе почне во 10 часот.