Ѓорческа на новата ВТА ранг листа на 243.то место

January 29, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во Мелбурн во квалификациите на Австралија опен се наоѓа на 243.то место со 312 поени. Таа за учеството во квалификациите на Гренд слем турнирот – 1.коло освои два поена. Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска нема промени во рангирањето и поените со 9 поени се наоѓа на 1216.то место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад од пет места и се наоѓа на 377.то место со 226 поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани