Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Анталија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа денес во мечот од второто коло ја совлада Амариса Киара Тот од Унгарија со 2-1 во сетови (46 64 64) за 144 минути игра.
Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот имаше еден брејк повеќе во мечот од противничката 7 наспроти 6 на Тот. Нашата тенисерка имаше 15 шанси за брејк, а противничката 22. Скорот во поени беше 108:100 во корист на Ѓорческа.
Првиот сет почна со водство на македонската тенисерка од 1:0, но противничката направи серија од пет гема за водство од 5:1. Со освоени три гема македонската тенисерка само ја намали разликата во првиот сет кој го доби Тот со 6:4. Во вториот сет по 2:2, Ѓорческа поведе со 4:4, но следуваше изедначување на 4:4, за сепак на крајот македонската тенисерка да го добие сетот со 6:4 и да изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет по 3:3, Лина освои два гема за предност од 5:3, која успеа да ја зачува до крајот и сетот го освои со 6:4.
Во четвртфиналето утре ќе игра против квалификантката од Хрватска Тара Вурт (21 година, 417. то место ВТА). Во досегашните три меча Вурт има три победи. Почетокот на мечот е во 9 часот по македонско време како прв на теренот бр.5