Ѓорческа и Стоилковска со минимални промени на ВТА листата

June 26, 2023

Македонските тенисерки кои минатата недела настапуваа за репрезентацијата на Македонија немаат поголеми промени на ранг листата на ВТА. Лина Ѓорческа со 295 поени се наоѓа на 247.то место или има промена (пад) за само една позиција од претходната недела. Во конкуренција на двојки со 157 поени се наоѓа на 422 место и нема никаква промена.

Магдалена Стоилковска е рангирана на 1344 место со 3 поени, или пет позиции пониско.

Во конкуренција на двојки ранг има Александра Симева која се наоѓа на 1419 место со 8 поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани