Ѓорческа и Стоилковска без поголеми промени на ВТА листата

October 30, 2023

Двете македонски тенисерки кои се наоѓаат на ВТА листата имаат минимални промени. Во поединечна конкуренција Лина Ѓорческа се наоѓа на 187.то место (пад за една позиција) со 399 поени, додека во конкуренција на двојки има пад за четири места и е рангирана на 318.то место со 256 поени.

Магдалена Стоилковска во сингл е на 1228.то место со 8 поени и скок одшест места, додека во конкуренција на двојки има скок од четири места и се наоѓа на 1463.то место со 6 поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани