Лина Ѓорческа која како четврта носителка настапува на фјучрсот во грчкиот град Ираклион обезбеди пласман во четвртфиналето откако денеска на убедлив начин ја совлада Италијанката Софија Рокети со 2-0 во сетови (63 61) за 73 минути.
Во првиот сет македонската тенисерка имаше четири брејка од шест можности, додека ривалката оствари два брејка од две можности. Во вториот сет Ѓорческа одзема два гема на сервис на Рокети, додека Италијанката не искористи ниту една брејк топка од четирите што ги имаше во сетот.
Во утрешниот меч Ѓорческа ќе игра против Синја Краус од Австрија (21 година, 6.носителка, 224 место на ВТА), која денеска со 2-0 ја победи Французикнката Селена Јаницијевиќ. Во единствениот меч досега одигран во Будимпешта во 2021 година, Ѓорческа има победа од 2-0 во сетови.