Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Анталија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа денес во продолжението од четвртфиналето загуби од хрватската тенисерка Тара Вирт со 2-1 во сетови (63 46 61). Мечот траеше 1 час и 54 минути.
Денес се одиграа два сета бидејќи мечот вчера беше прекинат по првиот сет, кој и припадна на Вирт со 6:3. Ѓорческа во првиот сет вчера водеше со 3:1, но противничката имаше серија од пет гема за да го добие првиот сет. Продолжението денес почна без ниту еден брејк до 10.тиот гем, а нашата тенисерка постојано беше во водство од еден гем и потоа го доби гемот број 10 за да изедначи во мечот на 1:1 искористувајќи ја единствената брејк-топка во вториот сет.
Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 1:0 во гемови, но тоа беше единствениот освоен гем бидејќи Вирт ги освои следните гемови и сетот го доби со 6:1.
Мечот заврши со максимална реализација на брејк топките од страна на двете тенисерки Ѓорческа 2/2, Вурт 5/5.
Ѓорческа од понеделник ја очекува нов настап на ИТФ фјучрс турнир во Анталија.